Манчестер
јунајтед со победа од 3-0 на првиот натпревар практично си обезбеди
осминафинале од Лига Европа, но и покрај тоа, Жозе Мурињо не ги одмараше своите
играчи на денешниот реванш во Франција.
„Црвените Ѓаволи“
со победа од 0-1 го потврдија пласманот во следната рунда, но останаа без
повредените Хенрих Мхитарјан и Мајкл Карик.
„Можете да се
повредите дома, на излегување од куќата или пак во вашата градина, никогаш не
знаете кога ќе се случи тоа и зошто” – се правдаше „Специјалниот“ по крајот на натпреварот.
„Повредите се
разултат на големиот број натпревари. Но кога некој недостасува, тоа е шанса за
некој друг”.
„Очигледно
Мхитарјан и Карик се важни играчи и ќе биде комплицирано без нив во финилето”.
„Не велам дека
тие дефинитивно се надвор од комбинација, едноставно имам такво чуство. Има три
дена до натпреварот, па дури и за најмали повреди на задната ложа и листот мислам
дека три дена не се доволно”.