Рома утре на гостински терен кај Салернитана ја почнува новата сезона во Серија А. Ова лето досега клубот ги ангажираше Пауло Дибала, Џини Вајналдум, Немања Матиќ, Миле Свилар и Зеки Челик.
Беше платено само за Челик, седум милиони евра, Матиќ, Свилар и Дибала пристигнаа како слободни играчи, а Вајнладум на позајмица.
„За жал преодниот рок се уште не е завршен. Ќе одиграме три-четири натпревари додека да заврши. Лесно е да се суди по нашите трансфери, но подобро да почекаме“, вели Мурињо.
„Јасно е дека потпишавме пет фудбалери за седум милиони евра и јасно е дека завршивме многу добра работа“.
„Трансфер пазарот е отворен за сите, ние загубивме двајца силни играчи како Мхитарјан и Верету, а потпишавме пет фудбалери“.
„Јас давав зелено светло за овие фудбалери, во добар однос сум со клубот, па не сум фрустриран. Мора да се даде признание на раководството за овие пет фудбалери, но за сезона без страв, ќе ни треба нешто повеќе“.
Мурињо вели дека тие не се фаворити за Скудетото.
„Само Сампдорија и Лече потрошија помалку од нас, па можеме да зборуваме дека Рома е фаворит за Скудето само ако постоеа 18 титули“.
„Милан и Интер ги подобрија нивните тимови и не гледам дека Рома е фаворит за Скудетото. Лацио потроши 39 милиони евра“.
„Ние имаме наш проект и не можеме да си дозволиме големи инвестиции“.