19-годишниот Тахировиќ во Рома пристигна во 2021 година и се приклучи на младинскиот тим на римската волчица. Жозе Мурињо го следеше овој фудбалер во младинците и одлучи да го прекомандува меѓу сениорите.
Португалецот стекна дотолку доверба во него што синоќа му даде шанса да го почне натпреварот за Рома. Тоа беше само втор натпревар на Тахировиќ за првиот тим на волчицата, а прв како стартер.
Според „Ла Република“, Мурињо во изминатиот период се зближил со Тахировиќ и веќе неколку пати јавно го пофали младиот фудбалер. Според Португалецот овој играч е голема надеж за Рома.
Тој е фудбалер од средниот ред во тимот и ќе ја засили конкуренцијата, на тие позиции во Рома се и Брајан Кристанте, Немања Матиќ, Меди Камара и Џини Вајналдум.
Бењамин Тахировиќ е роден во Шведска, неговите родители се од Сараево, па се уште е во дилема дали да игра за шведската или за босанската репрезентација.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.