Мурињо проговори за неговиот однос со Гвардиола и откри работи кои никој не ги знае

by
1 минути читање

Жозе Мурињо ќе има нова пресметка со Пеп Гвардиола, Тотнем утре гостува кај Манчестер Сити. Двајцата имаа долгo и на моменти тензично ривалство, со големи дуели на клупите на Барса и Реал или Манчестер јунајтед и Манчестер Сити, па Португалецот беше запрашан за односот со својот колега.

„Видете, не е лесно ние тренерите да развиеме пријателство бидејќи не се гледаме многу. Се гледаме само пред натпреварите и по натпреварите, па тешко е“ – вели „специјалниот“.

„Соработував со Пеп три години, бевме заедно секој ден, се радувавме на трофеи, бевме разочарани кога губевме. Тоа беше убев период за мене како млад тренер и за него како фудбалер. Имам убави спомени од тоа време“.

„Немам ништо против Пеп, јас сум дел од таа генерација која верува дека она што се случува на теренот треба да остане таму. Имам само почит за Пеп“.

„Има некои работи кои не ги забораваме, и не го заборавам денот кога почина мојот татко (во 2017). Тој знаеше колку важна личност за мене беше мојот татко, па ми се јави. Кога веќе зборувам за ова, мојот татко денеска ќе наполнеше 83 години. Кога почина мајката на Пеп (април 2020) му се јавив и му изразив сочувство. Ова се работи кои луѓето не ги гледаат и ние не треба да ги откриваме. Ги споделив овие работи со вас сега бидејќи разговараме на оваа тема“.

„Имам само убави спомени од соработката со него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×