Мурињо признава: Бергвејн не беше мојот прв избор, но честитки за клубот поради одличната одлука

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот на Тотнем, Жозе Мурињо признава дека Сттивен Бергвејн не бил негов
прв избор во јануарскиот преоден рок, меѓутоа сега Португалецот е среќен што го
добил Холанѓанецот како засилување.

Бергвејн му
донесе предност на Тотнем во дербито со Манчестер јунајтед кое на крајот заврши
со поделба на бодовите (1-1), со еден преубав потег на мечот, со тоа што дојде
до третиот гол во осумте меча досега по трансферот од ПСВ за сума од 26,7
милиони фунти.

Тој е навистина
добар фудбалер, јавно упатувам честитки до мојот клуб бидејќи првично тој не
беше мојата прва опција, на крајот ова се покажа како одлична одлука
“ признава
Мурињо.

Бергвејн е
фудбалер кому му претстои убава иднина, а ние сме и повеќе од среќни поради тоа

додаде Португалецот.

Тотнем утревечер
на домашен терен ќе ги одмери силите со Вест Хем на домашен терен, составот на
Мурињо мора да атакува на победа за да ги одржи шансите за излез во Европа
идната сезона, за што има добра прилика пред себе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани