Мурињо притиска за враќањето на Тоти во Рома!

by
1 минути читање

Тоти ја напушти Рома пред речиси четири години по недоразбирања со тогашниот спортски директор Рамон Мончи. Во меѓувреме тој може да се види на трибините на речиси секој натпревар.

Мурињо сака член во тимот кој ќе биде задолжен за односи со јавноста и ќе биде мост меѓу официјалните лица и тимот, кој ќе се справува со нефудбалските ситуации со кои Португалецот се справува.

Рома го разгледале предлогот на Мурињо и во игра се неколку луѓе за таа позиција. Фаворит на Жозе Мурињо е Франческо Тоти.

Се верува дека Тоти чека повик од газдите на Рома и со задоволство би прифатил да се врати во клубот.

Враќање на Тоти може да има големо позитивно влијание меѓу фудбалерите во тимот.

×