Мурињо пристигна во Рим и ги разочара новинарите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Денеска фудбалерите на Рома се собираат во тренинг центарот Тригорија и ќе ги имаат медицинските тестови.

Жозе Мурињо синоќа пристигна, на аеродромот во Рим го чекаа неколку новинари кои му поставуваа прашања, но Португалецот само им рече: „Ќе зборуваме на 13 август“.

Тоа значи дека за време на подготовките Мурињо ниту еднаш нема да зборува со новинарите, првпат ќе се обрати пред натпреварот против Салернитана во првото коло од Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани