Мурињо предвиде дека на Јувентус ќе му ги вратат бодовите! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На почетокот на овој месец, по победата над Торино од 1-0, Рома се качи на третото место. По тој натпревар кога новинарот констатираше дека волчицата е на третата позиција, Мурињо му го кажа тоа што се случи вчера.

„Сигурни ли сте дека Јувентус нема 59 бодови? Тоа би не турнало на четврто место. Во Италија сме“, му одговори Мурињо.

По вчерашната победа над Феенорд, Мурињо повторно беше прашан за враќањето на бодовите на Јувентус.

„Тие им ги вратија бодовите уште пред три месеци. Во Италија сум четири години, не четири дена“, Португалецот смета дека според начинот на кој биле казнети, се знаело дека ќе им ги вратат бодовите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×