225
Шевченко синоќа загуби од Мурињо на своето тренерско деби во клупскиот фудбал.
Мурињо му беше тренер на Шевченко во Челси, па двајцата стратези многу добро со познаваат и не штедат комплименти еден за друг.
„Пред почетокот на натпреварот тој ми даде шише црвено вино, што е традиционален подарок во англискиот фудбал од страна на домашниот тренер“, вели Мурињо.
„Поради крајниот резултат на мечот, јас сум среќен за мене, но разочаран за него, еден ден овие позиции ќе се променат па тој ќе се чувствува лошо за мене, а среќен за него“.
„Одличната работа е што тој е вљубен во овој спорт и во улогата на тренер. Треба да бидете луди по оваа работа за да успеете, и тој е таков“.