Тотнем со триумф
од 1-3 си замина од Скопје и се пласираше во плеј-офот од Лига Европа. По
крајот на натпреварот, Жозе Мурињо откри интересен момент. На загревањето, Џо
Харт и Хуго Лорис се пожалиле дека голот е помал, „спарси“ реагирале кај делагатот на УЕФА,
па на теренот биле поставени нови голови.
„Пред почетокот
на мечот имаше смешна ситуација, голманите ми кажаа дека голот е помал. Јас
самиот отидов да се уверам, и навистина беше помал. Па веднаш го известивме
делегатот и тој утврди дека голот е за 5цм помал. Па побаравме головите да бидат заменети
и да бидат поставени голови со правилни димензии“ – отрки „специјалниот“ на
пресконференцијата.
Тој за ова објави и на неговиот Инстаграм профил, каде на шала напиша: „Мислев дека сум пораснал, испадна дека головите се 5цм помали“.