Мурињо: Ова беше ден на Пауло Дибала, но јас сакам да пофалам друг фудбалер

by
1 минути читање

Абрахам го постигна погодокот за Рома на гостувањето кај Јувентус каде мечот заврши 1-1. Но по тој натпревар Мурињо јавно го искритикува Абрахам велејќи дека напаѓачот имал катастрофален меч.

На вчерашниот натпревар против Монца, Абрахам не даде гол, но одигра одлично, па овојпат собра пофалби од Мурињо.

„Сакам да кажам дека ми се допадна начинот на кој Тами Абрахам играше денеска, ги освои сите топки, ја држеше топката, создаваше акции, тоа што го видовте на овој меч беше мојот Тами. Јасно е дека ова беше ноќ на Пауло, но Тами беше фантастичен“, изјави Мурињо.

Покрај Абрахам и Дибала, Жозе Мурињо имаше пофалби и за Ибањез кој има неверојатен напредок под водство на португалскиот тренер.

„Мило ми е што луѓето зборуваат за Ибањез, тој е еден од момците кај кои можете да видите промени. Сега е посмирен со топката, наоѓа решенија за додавања, веќе не ја подава автоматски само до бекот“.

Пред да дојде Мурињо во Рома, Ибањез важеше за киксер и најслаба алка во одбраната на тимот, но посебно со игрите во оваа сезона покажува дека тоа е минато.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани