Дибала во договорот на Рома имаше откупна клаузула од само 12 милиони евра за екипите надвор од Италија и 20 милиони евра за италијанските клубови.
Минатото лето Рома мораше да потпише таков договор со Аргентинецот со цел да го привлече и да ја победи конкуренцијата.
Во меѓувреме Дибала одлично се прилагоди во Рома и стана убедливо најдобриот играч во тимот, па Мурињо вели дека може мирно да спие откако веќе Аргентинецот не може лесно да си замине.
„Откупната клаузула на Пауло Дибала истече на 1. август, па конечно можам мирно да спијам и да бидам порелаксиран“, изјави Мурињо.
Мурињо призна дека имал две понуди од Саудиска Арабија, но ги одбил бидејќи сакал да остане во Рома.
„Добив две понуди. Ал Хилал и Ал Ахли ме сакаа, решив да ги одбијам и двете бидејќи сакав да останам во Рома“, потврди Португалецот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.