161
Хари Кејн на мечот со Ливерпул ги повреди двата зглоба, па на полувремето беше заменет. Поради повредата го пропушти и дуелот со Брајтон кој тимот на Мурињо го загуби со 1-0.
Мурињо пренесе дека Хари Кејн е оптимист и верува дека наскоро ќе се врати во тимот.
„Вестите се прилично добри. На мечот со Ливерпул не знаевме колку ќе паузира. А потоа мислевме дека ќе биде во аут околу три недели, или нешто слично“, вели Мурињо.
„Не сакам да бидам супер оптимист, но Хари е оптимист. Тој има искуство со некои повреди на зглобовите и според него ќе се врати за две недели, па да видиме дали ќе биде во право“.