Мурињо: Одбив да станам најплатен тренер во светот, го испочитував зборот даден на Рома!

by
2 минути читање

Рома има очаен старт на новата сезона, притисокот врз Жозе Мурињо почнува да се зголемува и веќе е неизвесно дали тој ќе ја доврши сезоната.

На денешната прес-конференција тој меѓудругото уште еднаш ја потенцираше љубовта кон Рома.

„Добив важна, историска понуда изминатово лето, најголемата понуда која ја добил еден тренер“, вели Мурињо.

„Одлучив да го одбијам предлогот бидејќи го имав дадено мојот збор на фановите на Рома, фудбалерите, бордот“.

„Критиките за пет бода од шест кола? Не можам да прифатам дека јас сум проблемот. До 30 јуни ќе останам тука и ќе се борам секој еден ден за клубот, тоа е сигурно. Само еден човек може да ми каже дека порано треба да си заминам, тоа е сопственикот на Рома“.

Понудата за која зборува Мурињо се верува дека е од Ал Хилал и е вредна 30 милиони евра по сезона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

@2024 – Сите права задржани