Португалецот оваа
сезона е прилично активен на социјалните мрежи и често има постови со кои го
привлекува вниманието. Синоќа, тој објави слика со Серхио Регилон и провокласна свинска шунка од Шпанија и напиша: „Ветување си е ветување. Ме чинеше 500
фунти, но ги исполнувам ветувањата“.
На денешната прес
конференција, Жозе Мурињо објасни зошто морал да купи шунка од 500 фунти.
„Фудбалерите
сакаат шпанска шунка, но е прилично скапа. Па почнува дебата кој да плати, кој
да не плати… Некој спомна дека Регилон треба да плати бидејќи е Шпанец… Па
јас реков, во ред, ако го победиме Манчестер Сити, јас ќе платам. Секако,
фудбалерите беа среќни што јас морав да платам за шунката“ – вели „специјалниот“.