Мурињо објасни зошто Бејл не беше ниту на клупата на Гудисон Парк: Бев изненаден од него…

by
1 минути читање

Мурињо објасни дека се работи за некаква повреда на која се жали Бејл, тоа не може да се нарече класична повреда, но непријатност во пределот на ногата.

„Игравме против Вест Бромвич во неделата, тој не играше. Во понеделникот бев малку изненаден од него дека сакаше да направи скен бидејќи не се чувствувал добро во пределот на мускулот на ногата, па не тренираше во понеделник“, вели Мурињо.

„Потоа во вторникот тренираше со тимот, но бев информиран дека негова желба била да работи конкретно за да го зајакне делот каде не се чувствува пријатно, и тоа е причината поради која не беше тука“.

„Не мислам дека тоа е очигледна, јасна повреда. Би рекол непријатност, и поради тоа не можеше да тренира сто проценти, но не можеме да зборуваме за некаква повреда“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×