Мурињо: Никој судија досега не ме навредувал вака, сакам да го тужам!

by
1 минути читање

На самиот почеток од второто полувреме Мурињо доби црвен картон, Португалецот во еден момент бурно реагираше на некои зборови на четвртиот судија, по што доби исклучување.

„Емотивен сум, но не сум луд. За да реагирам така, прво требало нешто да се случи. Сакам да знам дали можам да го тужам. Пичини (главниот судија) ми даде црвен картон бидејќи за жал четвртиот судија немаше капацитет да сфати што ми кажа“, вели Мурињо.

„Сакам да знам дали има некоја аудио снимка. Не сакам да навлегувам дека Сера (четвртиот судија) е од Торино и во недела ние играме со Јувентус“.

„За првпат во мојата кариера, четвртиот судија зборуваше на најневеројатен начин со мене. Беше недозволиво. На крајот оа натпреварот отидов да зборувам со нив. Пичини кој беше четврти судија кога претходно бев исклучен, ми рече да му се извинам на Сера. Му реков на Сера дека тој треба да има храброст да објасни што се случи, но тој има проблеми со меморијата“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани