Мурињо не го заборава болниот отказ во Тотнем: Сега никој немаше да зборува дека Кејн нема трофеј

by bojan
1 минути читање
Кејн

Жозе Мурињо има многу пофални зборови за Хари Кејн, вели дека Англичанецот е комплетен фудбалер, и ја искористи оваа прилика да упати нови отровни стрели за болниот отказ во Тотнем.

Хари Кејн важи за еден од најдобрите напаѓачи во светот, но често му се замерува за тоа што нема освоено ниту еден трофеј во кариерата.

Жозе Мурињо сега излезе во одбрана на голгетерот, и вели дека никој немал да зборува за ова доколку тој не добил отказ од Тотнем на една недела пред финалето во Лига Купот.

„Кеј има постигнато многу голови во Тотнем и Англија, па немаше сомнежи дека ќе постигнува многу голови и во Баерн“  – вели „специјалниот“.

„Хари е фантастичен, комплетен играч кој може да постигне гол од секоја позиција, а воопшто не е себечен. Тој во исто време е и асистент, се повлекува и учествува во играта, притиска, помага во одбраната“.

„Му фали само да освои трофеј. Беше мој играч во Тотнем и ќе му донесев трофеј, но бев избркан на шест дена пред финале“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани