Рома синоќа го победи Емполи со 7-0. Тоа е највисокиот триумф на волчицата под водство на Португалецот.
Ова беше и историски меч за Емполи во негативна смисла, тие првпат во историјата во Серија А на еден меч примија повеќе од пет гола.
„Одигравме добро, но не толку добро за 7-0. Одигравме за да победиме, да победиме комфорно. Имаше подеми и падови во текот на играта, особено во фитнесот, можеме да кажеме дека некои од играчите не се во кондиција да одиграат со висок интензитет 90 минути“, вели Мурињо.
„Жал ми е за Емполи, но тоа е фудбал и понекогаш се случуваат резултати како 7-0. И покрај тоа видов некои работи во тимот кои не ми се допаѓаа, но подоцна со мојот стручен штаб ќе го анализираме тоа“.
Рома лошо ја започна сезоната со само еден освоен бод од три натпревари. Тогаш Мурињо и клубот трпеа критики во медиумите.
„Перфектно разбирам како работат медиумите, влијаат на некои фанови, но за мене ние не бевме тимот каков што го правеа луѓето во изминатите недели, ниту пак јас бев толку лош тренер како што велеа тие минатото коло. Но јасно ми е и дека ние не сме толку силни како што е резултатот од овој меч“.
„Ние сме состав со потенцијал да биде добар. Нашата цел е едноставно да размислуваме од натпревар за натпревар и да победуваме“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.