Мурињо наскоро ќе добие уште две засилувања, преговорите се пред крај

by
1 минути читање

Мурињо со Челик сака да внесе конкуренција на десната бековска позиција каде што игра Карсдроп.

Според Џанлука Ди Марцио, трансферот е речиси договорен, остануваат детали. Рома на Лил ќе му плати околу 7 милиони евра плус бонуси.

Вториот фудбалер е Давиде Фратези од Сасуоло за кого трансферот би бил враќање во Рома. Тој ја помина младинската школа на римската волчица, но сениорската кариера ја почна во Сасуоло во 2017 година.

Рома и Сасуоло се уште немаат постигнато договор за Фратези, но информациите велат дека се многу блиску до тоа. Покрај пари, во зделката се очекува да бидат вклучени и некои млади играчи на римскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани