Мурињо на паркингот пред стадионот ја славеше победата на Рома против Интер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Жозе Мурињо беше
суспендиран за дербито помеѓу Интер и Рома по црвениот картон на дуелот против
Аталанта, но наместо да го следи натпреварот од трибините, „специјалниот“ реши
случувањата да ги следи пред телевизор во автобусот кој беше паркиран пред
стадионот.

Со головите на
Дибала и Смолинг, „волчицата“ направи пресврт и стигна до победа над Интер, па
„специјалниот“ имаше свое шоу на паркингот.

По последниот
свиреж, Жозе Мурињо беше во прегратка на своите соработници и испушти силен
крик. Стратегот потоа се упати во соблекувалната за да прослави со своите
играчи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×