62
Жозе Мурињо објави стори на својот инстаграм профил, како му стои над глава на клупскиот адвокат, Даниеле, и му прави притисок да работи побрзо.
Се верува дека ова стори на Португалецот е по повод договорот со Џиџи Вајналдум.
Во меѓувреме излегоа и детали поврзани со зделката. Вајналдум ќе оди на позајмица во Рома, а волчицата ќе плати половина од неговата плата, односно 5 милиони евра. Во договорот ќе има и опција за откуп.
Вајналдум вечерва или во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Рим за да ги помине медицинските прегледи и да го потпише договорот.