Со голови на Дибала и Абрахам, Рома со 2-1 го совлада Емполи и дојде на само еден бод до водечкото трио Наполи, Аталанта и Милан.
Николо Заниоло пред помалку од еден месец имаше дислокација на рамото, по таа повреда тој синоќа за првпат беше на клупата.
„Ќе ја искористам оваа можност да му се заблагодарам на Заниоло за неговиот напор да биде тука. Пред вториот гол тој беше подготвен да влезе на теренот и да му помогне на тимот и поразлично е без него“, вели Мурињо.
По мечот Заниоло објави стори во прегратка со Мурињо на клупата на Рома.

При 1-1, Заниоло и Белоти се загреваа да влезат во игра, но откако Рома поведе, Мурињо го стави само Белоти, Португалецот не сакаше да ризикува со Заниоло кој се уште не е максимално подготвен.
Следен натпревар за Рома е против Хелсинки на Олимпико во Лига Европа, волчицата нема право на кикс откако загуби кај Лудогорец.
Во недела волчицата игра против Аталанта исто така на домашен терен.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК