Претходниот тренер на Манчестер јунајтед, Луис ван Гал не успеа да го пласира тимот во Лигата на шампионите, па Жозе Мурињо беше приморан да игра во Лига Европа.
Јунајтед во моментов не се наоѓа на позиција која води во Лигата на шампионите, но не е далеку од најдобрата четворка на табелата. А место меѓу елитата може да обезбеди и со освојување на Лига Европа.
„Лично, ми недостасува Лигата на шампионите. Јас сум најмладиот тренер во клубот 100 натпревари во ЛШ. И секогаш кога не играм, не сум среќен“ – вели Мурињо.
„Но, јасно е дека Манчестер јунајтед е поважен од мене. Сите знаат дека овој клуб припаѓа во Лигата на шампионите“.
„Ќе направиме се што е можно да се пласираме таму следната сезона. Имаме два начини да го направиме тоа, едниот со освојување на Лига Европа, другиот со пласман меѓу четирите најдобри. Двата начини се достижни, тешки, но но ќе работиме напорно за да ги оствариме“.
Манчестер јунајтед вечерва го пречекува Хал и со победа ќе се доближи до најдобрите четири во Премиерлигата откако ниту еден од нив синоќа не освои три бода.