ФИФА оваа недела
ги доделуваше наградите „Д Бест“ и за тренер на годината беше прогласен Јирген
Клоп. Предводникот на Ливерпул се заблагодари, но порача дека е изненаден од
изборот.
Ханс Флик со
Баерн Минхен сезоната ја заврши со тројна круна и триумф во Бундеслигата, Купот
на Германија и Лигата на шампионите. Календарската 2020 беше збогатена со нови
два трофеи, славје во Суперкупот на Германија и Суперкупот на Европа.
Изборот сега го
прокоментира и Жозе Мурињо, кој во свој стил, иронично вели дека дека Баерн
требал да измисли уште две-три натпреварувања за Ханси Флик да ја добие
наградата, очигледно ПЕТ титули не се доволно.
„Мислам дека
единствена шанса за Флик да ја добие наградата е Баерн ад измисли две-три
натпреварувања на кои ќе победи. Можеби ако освои седум титули ќе има шанси за
наградата, вака само со Лигата на шампиони, Бундеслигата, Купот на Германија, Суперкупот
на Германија и Суперкупот на Европа… нема шанси“ – вели „специјалниот“.
„Кутриот Флик,
може да биде најдобар тренер само ако Баерн успее да освои два-три трофеи
повеќе“.
За најдобар
тренер гласаат селекторите, капитените на репрезентациите, новинари ширум
светот и навивачи. Во генералното бодување, Јирген Клоп и Ханси Флик биле во
егал, двајцата имале по 24 бодови. Предвнодникот на Ливерпул сепак беше прогласен
бидејќи добил повеќе гласови од селекторите.