Тотнем денеска го пречекува Лестер и има шанси да врзе четири домашни победи по ред, нешто што прв пат ќе се случи откако тие се префрлија на новиот стадион.
И покрај тоа што статистиката му е солидна, Мурињо постојано е мета на критики.
„Луѓето кон мене гледаат со други очи. Знам дека од мене очекуваат да правам работи кои не го очекуваат од многу други. Не читам многу, но сфаќам од прашањата кои ги добивам. Пример, го победивме Њукасл со 3-1, а првото прашање кое ми беше поставено беше за играч кој не бил стартер“, вели Мурињо.
„Кога играч нема да игра со други тренери тогаш не е проблем. Тие прават ротации. Носат одлуки. Оставаат на клупата фантастични играчи но сите кон нив гледаат како да си ја работат работата. Дека така треба да биде во големите клубови“.
„Но кога Тотнем за прв пат сезонава ги има Мура, Бергвајн, Ламела и Сон способни за игра, луѓето прво ме прашуваат за оние кои не играат“.
Откако седна на клупата на Тотнем, само Ливерпул, Манчестер Сити и Јунајтед имаат повеќе бодови од него. Тој кога седна на клупата тимот беше на 14. место.
„Јас и стручниот штаб правиме анализи и знаеме дека вршиме многу позитивна работа. Би направил мала споредба со искуството во Порто. Кога отидов во Порто беше јануари, таа полусезона беше навистина тешка, но многу важна за подготовка за следната. Па истото го правам и сега, акумулирам знаење и искуство за следната сезона“.