166
Тотнем имаше корист од паузата поради коронавирусот, лигата се прекина кога тие се соочува со проблеми поради повреди и нижеа слаби резултати. Сега Мурињо повторно ги има на располагање сите фудбалери, пред се Кејн и Сон.
„Кејн работи екстремно добро, можам да ви кажам без проблем дека тој ќе го стартува мечот“, вели Мурињо.
„Дали ќе има 90 минути, 80, 70, 60? Не знам. Само мечот ќе ни го каже тоа“.
„Дали е во топ форма? Не знаеме. Околу шест месеци нема одиграно меч, но работи екстремно добро и е неверојатен професионалец па утре ќе биде стартер“.
Мурињо потврди дека покрај Кејн, стартери ќе бидат и Муса Сисоко и Хеунг Мин Сон кои исто така имаа повреди.