Рома синоќа имаше доволен број на шанси за лесна победа против Аталанта, но не даде ни гол. Противникот имаше еден шут во рамките од голот и победи.
Мурињо неколкупати негодуваше на судиските одлуки, а во текот на второто полувреме доби и црвен.
Имаше ситуации во кои фудбалерите на Рома беа влечени за дрес во шеснаесетникот на Аталанта, но не паднаа и не беше досуден пенал. Мурињо го истакнува тоа.
Тој беше запрашан да ја објасни ситуацијата, зошто отиде накај судијата кога доби црвен картон.
„Отидов кај судијата да го прашам зошто не ни досуди пенал во првото полувреме“, рече Мурињо.
„Му реков дека сакам да бидам најдобар можен тренер во светот, велејќи им на моите фудбалери да не паѓаат доколку можат да ја продолжат акцијата, го прашав дали е возможно да ни биде досуден пенал доколку играчот не се фрли на теренот“.
„Излгеда ќе треба да ги променам моите тренинг методи и да им кажам на фудбалерите да паѓаат во такви ситуации. Сакав јасен одговор од судијата, тој не ми одговори ништо“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.