Откако неговата девојка јавно се пожали дека била истепана од Гринвуд и покажа слики од повредите на социјалните мрежи, фудбалерот нема заиграно натпревар за Манчестер јунајтед.
Се верува дека нема ни да заигра поради притисокот од јавноста тоа да не се случи. Гринвуд сака да продолжи да игра фудбал, а тоа веројатно ќе треба да го направи надвор од Англија.
Според „Сан“, Гринвуд бил контактиран од Рома, лично му се јавил Жозе Мурињо кој го убедувал да дојде на Олимпико.
Гринвуд во Рома би пристигнал на позајмица или како слободен играч доколку го раскине договорот со Манчестер јунајтед.
Кога Жозе Мурињо беше тренер на тимот од Олд Трафорд, Гринуд беше во младинскиот тим на Јунајтед.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.