Мурињо ќе купува од Челси?

by
1 минути читање

Бразилецот потврди дека Мурињо уште во летниот преоден рок се обидел да го купи. Запрашан дали имал понуди, тој одговори: „Да, од Манчестер јунајтед бидејќи Мурињо е таму“.

Англиските медиуми пишуваат дека престојното лето Мурињо повторно ќе се обиде да го ангажира Вилијан и овој пат шансите ќе му бидат поголеми поради сегашниот статус на Бразилецот.

28-годишниот фудбалер беше најдобриот играч под водство на Мурињо минатата сезона пред Португалецот да добие отказ во декември. Вилијан беше прогласен и за фудбалер на годината на Челси.

Но со доаѓањето на Конте, Бразилецот го загуби местото од Педро, па сега повеќе е на клупата отколку на теренот.

„Ниту еден фудбалер не сака да ги почнува натпреварите од клупата. Да бидам искрен, не сакам ни јас. Сакам да играм цело време“ – вели Вилијан.

Доколку не се избори за враќање во стартниот тим на Челси, нема да биде чудно ако Вилијан го напушти клубот во летниот преоден рок, а една од опциите секако е Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани