Мурињо ќе им се извинува на судиите во Италија

by
1 минути читање

„Газета дело Спорт“ пишува дека се очекува Мурињо денеска јавно да се извини за да избегне нова суспензија.

Извинувањето кое го подготвил нема да биде наменето директно кон Чифи за кој Мурињо рече дека е најлошиот судија кој го видел, туку ќе биде адресирано на цела судиска организација.

Судиите во Италија имаат големи поплаки за однесувањето на Мурињо, дел од нив не сакаат да ги судат натпреварите на Рома поради него.

Италијанскиот весник пишува дека извинувањето на Мурињо можеби нема да биде доволно, па има шанси новата сезона и во Серија А да ја почне со суспензија.

УЕФА веќе го казни со четири меча суспензија поради вербалниот напад кон Ентони Тејлор по финалето од Лига Европа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани