Мурињо на полувремето го внесе Ренато Санчез, но 18 минути подоцна реши да го извади. Фудбалерот со чудење излезе од теренот.
По мечот Мурињо објасни зошто го извадил и му се извини на Санчез.
„Сакам јавно да му се извинам на Ренато, тоа што го направив е тешко за фудбалерот, но тешко е и за тренерот. Мислам дека ми се има случено 3-4 пати во кариерата. Се извинувам“, рече Мурињо.
„Со Ренато живееме во ситуација на надеж, секогаш мислиме дека тој простор, одредни одговорности, адреналин се идеален начин да му се помогне да го направи тој скок. Тој има емоционални лузни, има многу стравови поради минатите повреди“.
„Тој работи со помал интензитет во се што правиме ние. Напредува во количина на тренинзи, но никогаш во интензитет. На последниот меч против Шериф, имаше 60 минути на надеж, денеска помислив да го ставам бидејќи тимот би можел да има корист од неговиот квалитет. А потоа сфатив дека направив грешка, бидејќи тој не беше подготвен да го направи тој скок во еден толку интензивен амбиент“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.