Герет Бејл не е дел од плановите на Зидан, тој речиси и да не игра. Реал Мадрид сака да го продаде, но проблем е неговата голема плата која никој не сака да му ја даде. Велшанецот не сака да се откаже од милионите кои ги добива, па е решен да остане и покрај тоа што е на клупата.
Но, враќање во Тотнем може да биде интересна опција за Бејл, Жозе Мурињо сака да го ангажира велшкиот фудбалер.
Мурињо смета дека може да го врати жарот во играта на Герет Бејл, а ако го направи тоа ќе добие големо засилување.
Проблем е платата на Бејл, но и тоа може да биде решено. Реал Мадрид би можел да ја намали бараната сума за обесштетување за фудбалерот, а Тотнем дел од попустот да префрли на сметката на Бејл со што тој ќе ја добие посакуваната сума.
Од интерес на Реал Мадрид е да се ослободи од Герет Бејл бидејќи немаат никаква корист од него а му даваат огромна плата па се очекува ова лето да бидат флексибилни во преговорите.