Во последно време често се шпекулира дека Жозе Мурињо нема да стави потпис на нов договор со Рома и летоска ќе си замине од „Олимпико“.
Саудиска Арабија нема да штеди пари за да го привлече „специјалниот“ и сега тој ја отвори вратата за една ваква авантура.
„Еден ден ќе се преселам во Саудиска Арабија. Тоа секако нема да биде утре, или денот потоа, но еден ден ќе се преселам таму“ – вели Португалецот.
Запрашан дали може да стане нов тренер на Реал Мадрид, тој одговори: „Кога имате супер тренер, зошто да размислувате за ангажман на друг? Го познавам добро Дон Флорентино Перез и знам дека тој е паметен човек“.
„Како Мадридиста и фан на Анчелоти, се надевам дека оваа сезона на Реал ќе биде фантастична па Карло и следната година ќе биде таму, мислам дека тој е перфектен за Реал Мадрид“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.