Мурињо ја кажа својата страна од приказната со Ндомбеле

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Тотнем, Жозе Мурињо ги демантираше шпекулациите дека не е во
добри односи со младиот Танги Ндомбеле кој настрада во идеите и тактиките на
португалскиот фудбалски стратег кој претходно го впери прстот кон Французинот
поради очајните изданија.

Дополнително, 23
годишниот фудбалер од средниот ред не доби прилика во првите два меча во
рестартот на сезоната во Премиерлигата, а Мурињо инсистира на тоа дека Ндомбеле
не му бил потребен, ниту против Манчестер јунајтед (1-1), ниту синоќа против Вест Хем (2-0).

На клупата беа уште
и Сесењон, Алдервирелд, Фертонген, Жедсон, исто и тие не добија прилика да
настапат
“ рече Мурињо на прашањето дали се точни тврдењата на медиумите за
нарушениот однос со Ндомбеле, кој воедно одбива да работи со него, ниту пак да
комуницира.

Тоа е фудбалот,
за мене не постои ништо спорно во оваа ситуација, имав офанзивци на клупата,
Ламела и Бергвејн, двајца одлични фудбалери кои треба да ја освежат играта на
своите позиции, а потоа Винкс да додаде повеќе конзистентност во играта
додаде Португалецот.

Претходно Мурињо во однос на
Ндомбеле, јавно го впери прстот кон него поради слабите изданија, инаку станува
збор за рекордно засилување за Тотнем од ланската година, кого клубот го чинеше
70 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×