По одиграни шест кола, Рома собра само пет бода. Тоа е историски најлош старт и за нив и за Жозе Мурињо.
Претходно, Мурињо испиша позитивна историја за волчицата, првпат играа две европски финалиња по ред.
Кога новинарите по мечот му потенцираа дека ова е најлош старт на Рома во историјата, Мурињо рече: „Ова е и најлош старт во мојата кариера. Како и да е, исто мислам дека првпат Рома играше две европски финалиња по ред“.
„Немаме време за плачење. Можеме да плачеме во себе, бидејќи боли, особено мене ме боли поради односот кој го имам со навивачите на Рома. Но мора веднаш да се вратиме на работа. Следниот меч вреди три бода, не седум или осум, но станува многу, многу важен меч за нас“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.