Мурињо оваа сезона изненади со активноста на инстаграм. Португалецот пред неколку години имаше отворено профил, но беше неактивен и го затвори. Но неговиот однос кон социјалните мрежи драстично се промени овој пат.
Тој искрено признава дека се активирал на инстаграм по барање на неговите спонзори, а не по некоја негова желба.
„Се уште не сум инстаграм човек во мојата природа. Треба да бидам искрен, нема што да кријам, бев замолен од моите спонзори да го правам тоа. Тие не беа среќни кога пред неколку години го затворив акаунтот. Сега колку толку сум активен со некои интересни работи. Не знам дали моите играчи ме следат. Гледам профилот да е забавен, па луѓето ако сакаат да ме следат, не е проблем“, вели Мурињо.
Еден од постовите на Мурињо кој стана вирален беше и оној од Арената „Тодор Проески“ кога се пожали дека пречката била пониска отколку што требало.