По преселбата во Реал Мадрид, Еден Азар повеќе време е надвор од терените отколку на терените. Ова недела тој заработи нова повреда и се очекува пауза од месец до месец ипол.
Ова ги загрижува луѓето во Реал Мадрид, но и во репрезентацијата на Белгија.
Првиот човек на лекарскиот тим на „ѓаволите“, Кристоф Сас вели: „Чекаме повеќе информации, но сме загрижени. Повредите на Прает, Мертенес или Де Брајне не не загрижуваат толку многу кога е во прашње Европското првенство, но со Еден Азар е поинаку. Хронично влече повреди и за жал тоа на крај секогаш завршува лошо. Влезен е во магичен круг од кој тешко се излегува“.
На вакво нешто пред шест години предупреди Жозе Мурињо. Португалецот, тогаш на кормилото на Челси, изрази загриженост дека Белгиецот еден ден ќе плати за „ќотекот“ кој го јаде од дефанзивците во Премиерлигата.
„Натпревар по натпревар, тој е казнуван од противниците, јаде „ќотек“ и без заштита од судиите, еден ден ќе останеме без Азар. Му прават еден фаул, два, три, четири, пет, десет фаули, и тоа сите агресивни. Го удираат, го удираат, го удираат… Тој е фантастично момче, во моментов издржува, но еден ден ќе има проблем“ – рече „специјалниот“ во 2015.