Манчестер Сити доби казна од УЕФА со две години неиграње во Лигата на шампионите, поради непочитување на финансискиот-фер плеј. Но Судот за спортска арбитража му ја тргна казната и тие ќе продолжат да настапуваат во ЛШ.
Граѓаните силно се поврзуваа со ангажман на Меси кој иако таму ќе дојдеше како слободен играч, клубот ќе треба да има огромни трошоци за плата.
„Ние во Тотнем го почитуваме финансискиот фер-плеј. Меси може да оди само во тим кој не го почитува тоа, па сигурно тоа не е Тотнем“, вели Мурињо.
Тој беше прашан и за документарецот на Амазон за неговиот тим кој се снимаше во текот на минатата сезона и кој наскоро треба да излезе во јавноста.
„Ако ме прашувате дали уживав, одговорот е не. Преферирам приватност и нашата куќа да биде затворена за луѓе кои не припаѓаат во нашата куќа, но луѓето кои го сакаат фудбалот и спортот ќе го сакаат документарецот бидејќи тој ја покажува реалноста на еден фудбалски клуб. Најголем дел од камерите беа скриени, во канцелариите, во собите за состаноци, на тренинзите. Единствените моменти во кои гледавме камери беа додека патувавме на гостинските натпревари“.