Трката за Мората е сериозна, покрај со Рома, тој се поврзува и со Интер и Јувентус кои имаат повеќе пари од римската волчица. Се зборува и за интерес од Саудиска Арабија.
Интер веќе понуди 15 милиони евра за Мората, а тоа е прилично голема сума за раководството на Рома кое не е уверено дека треба да се троши многу за играч кој има 30 години.
Мурињо се обидува и преку социјалните мрежи да изврши притисок до клубот за да му го донесат Мората.
Тој синоќа на социјалните мрежи објави фотографија со него и Дрогба и иронично напиша: „20 јули 2004 го потпишав овој напаѓач. Тој не можеше да дава голови, не можеше да работи, не можеше да се бори, не можеше да биде лидер. Имав среќа да освојам три титули во Премиерлигата со овој дечко. Засекогаш еден од мојата банда“.