Мурињо го испофали Ндомбеле, но индиректно упати порака за други фудбалери во неговиот тим

by
1 минути читање

Ндомбеле доминираше на теренот, а одличната игра ја зачини со прекрасен погодок со кој ги постави конечните 3-1.

Тој минатата сезона беше во лоша форма, па не добиваше голема шанса од Мурињо иако важеше за екстра талент, тој е и најскапото засилување на Тотнем во историјата. Во меѓувреме Ндомбеле работеше напорно и оваа сезона е стандарден во стартниот тим.

Мурињо го испофали Ндомбеле, но индиректно им испрати порака на Деле Али и Герет Бејл дека само од нив зависи дали ќе влезат во стартниот тим и колку ќе играат.

„Имам доволно искуство за да кажам дека кога играчот не игра многу добро, тоа е негова одговорност“, вели Мурињо.

„Кога играчот ќе ги промени работите и ќе почне да покажува перформанси на многу високо ниво, тоа исто така е негова одговорност. Ндомбеле е вистински пример за тоа дека вратата за сите е отворена. Дека нема фудбалер кој ако заслужи не мже да биде во тимот“.

„Кога играчот не игра добро треба да разбере зошто е тоа така и треб да разбере како може да помине низ тешкиот период“.

„Ндомбеле го сфати тоа. Неговиот гол беше неверојатен, но не ми е гајле за голот, гајле ми е за неговите перформанси, а тие беа фантастични“.

„Му давам посебни пофалби на Танги Ндомбеле за тоа што тренираше напорно и имаше желба да заработи место во првиот тим“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×