84
Рома се обидува на Жозе Мурињо да му го донесе Пауло Дибала, но мисијата е тешка. Аргентинецот го преферира Интер кој може да му понуди борба за Скудето и настап во Лигата на шампионите.
Но, Мурињо најде и фудбалска ѕвезда која е многу поедноставно да се договори, тоа е Колумбиецот, Хамес Родригез.
Родригез минатата сезона играше во катарскиот Ал Рајан, но тој сака да му се врати на европскиот фудбал.
Мурињо го сакаше Хамес Родригез уште кога беше тренер на Манчестер јунајтед, но не успеа да го добие.
Фудбалерот кој утре полни 31 година, сега е подостапен, а се чини дека и за него Рома е идеално место за да му се врати на вистинскиот фудбал.