85
По отказот на Жозе Мурињо, „ѓаволите“ заиграа далеку подобро, а се чини дека заминувањето на Португалецот најмногу му годи на Пол Погба, кој прикажува одлични партии.
Французинот денеска два пати ја тресеше мрежата на Борнмут во првото полувреме па може да се пофали дека е првиот играч на Манчестер јунајтед кој по Вејн Руни во 2012 постигнал два или повеќе погодока на два меча во низа во Премиерлигата.
Пол Погба во претходното коло два пати се запишуваше во листата на стрелци против Хадерсфилд.
2 – Paul Pogba is the first @ManUtd player to score at least twice in consecutive Premier League appearances since Wayne Rooney in December 2012. Bracing. #MUNBOU
— OptaJoe (@OptaJoe) December 30, 2018