Португалецот во
својата прва сезона на Олд Трафорд донесе три трофеи, па иако во Премиерлигата
не му оди најдобро. беа започнати преговори за продолжување на соработката.
Двете страни
успеаја да пронајдат заеднички јазик за кратко време, па вечерва
пристигна информација дека страегот ставил потпис на нов договор со трајност до 2020, со опција за уште една додатна
година.
„Жозе Мурињо го
продолжи договорот со Манчестер јунајтед и сега е обврзан кон клубот од Олд
Трафорд најмалку до 2020, со опција за уште една додатна година” – гласеше известувањето.
За новиот
договор, „Специјалниот“ рече: „Голема чест и гордост ми преставува тоа што сум
менаџер на Манчестер јунајтед. Огромна благодарност до сопствениците и
господинот Вудворд кои ја увидоа мојата напорна работа и посветеност. Задоволен
сум што тие веруваат дека сум прав човек за овој голем клуб”.
„Поставивме
високи стандарди откако освоивме три трофеи во една сезона, но такви стандарди
барам од мојот тим. Креираме услови за брилијантна и успешна иднина на Манчестер
јунајтед”.
„Исто така сакам
да му се заблагодарам на тренерскиот персонал и на моите играчи, без нив ова немаше да
биде можно. Ги обожавам моите играчи и задоволен сум што знам дека ќе бидеме
забедно барем уште три години”.
„Тука се и
фановите, кои ми дадоа голема поддршка и придонесоа да се чуствувам како дома.
Повторувам, да се биде менаџер на Манчестер јунајтед е голема чест и сум
навистина среќен”.