Мурињо брутално му одговори на Сари!

by
1 минути читање

Двата тренери водат психолошка војна во пресрет на големото дерби на Рим кое се игра во недела. Засега победник во оваа битка е Мурињо, но треба да се почекаат и прес-конференциите пред дербито.

Вчера Сари рече дека Рома има пријателски меч против Славија Прага, веројатно мислејќи дека волчицата има максимални девет бода досега во Лига Европа, па може да влезе со помал интензитет на утрешниот натпревар, да се одмори за дуелот со Лацио.

Но, ова негово пецкање, наиде на брутален одговор од Жозе Мурињо.

„Мислам дека доколку некој треба да се почувствува навредено од тој коментар, тоа е Славија Прага, не јас“, вели Мурињо запрашан што мисли за изјавата на Сари.

„Изгледа како да вели дека Славија нема квалитет. Јас секогаш ги почитувам моите противници. Веројатно тоа е разликата меѓу тренер кој освоил 26 титули и тренер кој речиси не освоил ништо, тоа е разликата во менталитетот“.

„Секој меч мора да се сфати сериозно, нема пријателски натпревари. Би сакал да ја слушнам реакцијата на Лига Серија А, бидејќи тоа е објективна и директна критика. Па чекам“.

„За мене најголем натпревар во животот секогаш е следниот, секогаш. Откако почнав да бидам професионален тренер, секогаш е така“.

Ако Рома утре ја победи Славија Прага, на две кола до крајот ќе го завери првото место во групата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×