Мурињо: Ако не победевме ќе експлодираше Колосеумот или ќе имаше напад над „Св. Петар“!

by
1 минути читање

По дебаклот во Џенова, фудбалерите на Рома ги освоија трите бода во дуелот со Фросиноне и донесоа барем привремен мир меѓу навивачите.

Дибала синоќа со две асистенции беше играч на мечот. Аргентинецот играше три натпревари по 90 минути, нешто што не е типично за него поради кревкиот фитнес кој го има. 

„Дибала нема да игра во четврток. Го достигна лимитот. Ако не го добиевме овој меч, не знам, Колосеумот ќе експлодираше или ќе имаше напад врз Св. Петар (Базиликата во Ватикан). Немаше да му дозволам да игра доколку тој ми кажеше дека не може. Тој ми рече дека може. По мечот му реков дека сега јас одлучувам и тој нема да игра во четврток“, открива Мурињо.

„Пред три месеци бев сакан. Сите паничеа од идејата дека можам да заминам. Три месеци подоцна, имавме ужасен старт, но поради повеќе фактори. Знаев дека момците ќе покажат какви сме како пријатели и како тим. Многу сум среќен дека го добија овој меч. Кога ќе загубиме натпревар како тој во Џенова, не е лесно“.

„Треба да бидете балансирани и да имате вистинска психолошка структура за да излезете на теренот. Никогаш не почувствувавме дека фановите беа против тимот. Поддршката кога бевме во автобусот и на стадионот беше исклучителна. Сакам да им се заблагодарам на нив бидејќи некои од играчите стравуваа дека може да биде поинаку по мечот со Џенова. Но имавме третман од фановите како да победивме во Џенова. Па морам да им се заблагодарам“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани