Мундијалскиот хит-голман најде нов клуб, продолжува во Јужна Америка!

by 24 фудбал
1 минути читање

Голманот на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Возиња, е пред реализација на најголемиот трансфер во својата кариера откако блескавите настапи на Светското првенство му ја отворија вратата кон голем јужноамерикански предизвик.

Според најавите, Возиња ќе ја продолжи кариерата во редовите на чилеанскиот великан Коло Коло, а преостанува само да се заврши административниот дел од договорот.

Се очекува документите да бидат потпишани во текот на викендот, по што клубот и официјално ќе го потврди неговото ангажирање.

Коло Коло важи за еден од најтрофејните и најреномирани клубови во Јужна Америка. На овие простори е особено запаметен по дуелот со Црвена Звезда во финалето на Интерконтиненталниот куп во Токио во 1991 година, кога белградскиот состав славеше убедлива победа од 3-0 и ја освои светската клупска титула.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×