Во последниот натпревар
од 7. коло во Премиерлигата, Челси славеше со 0-2 на гостувањето на „Крејвин Котиџ“ кај локалниот
ривал Фулам.
Избраниците на
Покетино на последните три натпревари не постигнаа ниту еден гол и освоија само
еден бод, па беа под притисок да испорачаат резултат и тоа го сторија, за
кратко време го решија натпреварот.
Михајло Мудрик
конечно го постигна својот прв гол во дресот на „сините“ по трансферот вреден
100 милиони евра, Украинецот доби топка од Колвил, одлично ја смири на гради и ја
протна под голманот за 0-1.
Само што Фулам
тргна од центарот, падна и вториот гол. Палмер пресече едно додавање и веднаш
го уфрли Броја во фор, кој со многу доза на среќа успеа да ја затресе мрежата за
0-2.
Интересно е тоа
што и двајцата стрелци потоа се повредија, Мудрик не се појави на теренот во
второто полувреме, а Броја беше повлечен од игра по нешто повеќе од еден час
игра.
По крајот на
натпреварот, Маурисио Покетино изрази надеж дека повредите не се сериозни и
двајцата фудбалери ќе бидат во комбинација за следниот натпревар.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.