Мудрик го спаси Челси од елиминација, па Петровиќ го однесе во полуфинале! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Њукасл имаше водство на Стемфорд Бриџ со гол на Вилсон од 16. минута на натпреварот.

Кога се чинеше дека тие ќе победат, Мудрик во 92. минута даде гол и го израмни резултатот на 1-1 и го однесе мечот на пенали.

Во пенал серијата херој за Челси беше српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ. За сините головите од белата точка ги дадоа Палмер, Галагер, Нкунку и Мудрик, за Њукасл прецизни беа само Вилсон и Гимараеш.

Преку пенали до полуфиналето стигна и Фулам кој го елиминираше Евертон, а меѓу четирите најдобри отиде и Мидлсброу кој беше подобар од Порт Вејл.

Утре се игра последното четвртфинале, дуел меѓу Ливерпул и Вест Хем.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×