Му зема на Арсенал два бода, па доби отказ! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Англискиот судија Ли Мејсон доби отказ и веќе на ниту еден начин нема да биде делегиран на натпреварите од Премиерлигата. Причина е големата грешка која ја направи на мечот меѓу Арсенал и Брентфорд кој заврши 1-1.

При постигнувањето на голот на Брентфорд, Ли Мејсон не провери правилно дали при акцијата имаше офсајд, заборавил да повлече лнија, па голот на Тони беше прогласен за регуларен, иако не беше така.

Поради оваа голема грешка, Арсенал загуби два бода кои можат да се покажат за клучни на крајот од сезоната.

„Сакаме да му се заблагодариме на Ли за служењето на професионалната игра и му посакуваме се најдобро во иднина“, објави судиската организација во Англија.

Ли Мејсон во својата судиска кариера, како главен судија бил на 289 натпревари од Премиерлигата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани